Ставот на Наполитанецот е јасен.
Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње зборуваше на конференцијата пред натпреварот помеѓу Италија и Босна и Херцеговина и во таа прилика го прокоментира евентуалното доаѓање на Маурицио Сари на клупата на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инсиње играше кај Сари од 2015 до 2018 година, два пати беше втор во Серија А, а сега е еден од најсериозните кандидати да го превземе Јувентус.
„Тоа е шпекулација која меп рави незадоволен. Направи толку многу за нас играчите и Наполитанците. Тој во исто време е професионалец, но ако го избере Јувентус тоа ќе не боли. Ако тој го избере Јувенту за сите нас Наполитанци тоа ќе биде предавство“, изјави Инсиње.
Маурицио Сари му го донесе трофејот на Челзи во Лигата на Европа, тоа беше прв европски трофеј за Челзи после 2013 година кога Рафа Бенитез го освои истото натпреварување.
Во својата дебитантска сезона на клупата на Челзи победи на 39 натпревари, единствен кој успеа да забележи повеќе беше Мурињо во 2004 година.
https://www.youtube.com/watch?v=TfW_qVR9RN0