Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе го продолжи договорот со клубот, иако не успеа да го освои Скудетото оваа сезона, пишуваат италијанските медиуми.
46-годишниот стратег го наследи Антонио Конте на кормилото на Интер минатото лето и го освои Купот и Суперкупот на Италија минатата сезона, но „нероаѕурите“ не успеаа да го одбранат Скудетото.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на Интер е задоволно од работата на Инзаги и сака да го обнови договорот до 2024 година со зголемување на платата од 4 милиони на 5,5 милиони евра по сезона и опција за уште една година, пренесува „Кориере дело спорт“.