Денес репрезентацијата на Македонија ќе игра пријателски натпревар против Словенија.
Во составот на Словенците ќе биде еден најискусните и најдобри играчи на Словенците, Јосип Иличиќ од Аталанта. Иличиќ имаше само пофални зборови за Македонија пред денешниот дуел.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Во овој натпревар ќе влеземе како и во секој друг. Ќе биде одличен тест за нас. Очекувам добар натпревар, мораме да го покажеме вистинсктото лице. Македонија е една квалитетна репрезентација и тоа не мотивира“, изјави Иличиќ.
Словенија на последното гостување во Скопје беше поразена со 2:1, а двата гола во тој натпревар ги постигна Елиф Елмас