Бобан Илиоски, македонскиот светски шампион во кикбокс во последниот период беше во центарот на вниманието поради работи кои не се случуваа во рингот.
Наводно во прашање бил инцидент во кој Илиоски се пресметал со непознати лица кои ја каменувале неговата куќа за потоа да дојде и до ново насилство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во врска со инцидентот кој овие денови кружеше на социјалните мрежи, чувствувам должност и обврска да се обратам на сите кои ме поддржуваат во моето патешествие како спортист и како личност. Постојат многу верзии од случката, но вистината ќе излезе на виделина после расчистување на случајот и до тогаш не коментирам за ништо поврзано со тоа, се додека надлежните органи не дозволат да дадам изјава во врска со истото.
Немав намера да го оцрнам образот на моите тренери, мојот клуб, мојата држава и титулите кои ги носам, а најмалку од се сакав да бидам во ситуација каква што бев. Без разлика за тоа што сум обвинет (за нешто што не сум го направил), верувам дека правдата ќе искочи на виделина, и секој ќе одговара за своите постапки“, стои во објавата на Илиоски.