Дома Актуелно Иконата на Наполи: Имам премногу тетоважи, но чувам место за една посебна

Иконата на Наполи: Имам премногу тетоважи, но чувам место за една посебна

Ѕвездата на Наполи се надева дека оваа сезона ќе има прилика да додаде нова тетоважа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако тетоважите на фудбалерите не се никаква новост, всушност изненадување е да видиме фудбалер кој нема ниту една тетоважа, а познато е дека некои и претеруваат.

Еден од нив е фудбалерот на Наполи, Марек Хамшик кој во разговор за италијанските медиуми објави дека еден дел од телото му е резервиран посебна тетоважа.

„Имам многу тетоважи, но едно место на телото чека на тетоважата за Скудетото“, изјави Хамшик.

Наполи во овој момент е лидер во Серија А и сеуште не знае за пораз, а Јувентус не изгледа премногу убедливо и во овој момент изгледа дека клубот од Неапол никогаш не бил поблиску до титулата. Наполи утре гостува кај тимот на Удинезе, а веќе во следното коло го дочекува токму Јувентус.

„Сеуште е прерано да се зборува за титулата. Пред нас се важни натпревари во кои се надевам дека ќе славиме“, заврши Хамшик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…