Мауро Икарди му направи огромни проблеми на Интер со одолговлекувањето околу новиот договор поради што на крајот клубот го казни со одземање на капитенската лента.
Пред десетина дена Интер потврди дека Икарди остана без капитенската лента поради несериозната при преговарањето околу новиот договор која ја предизвика неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара. Како реакција на таквата одлука на клубот Икарди одби да игра во натпреварот против Рапид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потоа тврдеше дека има повреда и не настапи во натпреварот против Сампдорија, но псоле направените прегледи беше докажано дека на коленото нема никакви повреди. Меѓутоа и покрај тоа тој го пропушти и следниот натпревар, реваншот против Рапид.
Ванда и Икарди и денес се главна тема во италијанскиот фудбал, а наводно Интер повторно ги контактирал. Управата на клубот од „Џузепе Меаца“ сака што побрзо да знае дали ќе може да смета на Икарди во иднина или тој веќе одлучил да замине на крајот од сезоната.
„Газета дело Спорт“ утрово објави дека во Интер направиле јасен план и програм по повод оваа ситуација. На Икарди наводно му е понуден нов договор како последна понуда и доколку и овој пат одоговорот биде негативен во Интер ќе го насочат вниманието кон доведување на нов напаѓач.
Засега детали од оваа понуда не се откриваат.
Според некои информации како фаворити на листата за потенцијален наследник на Икарди во овој момент највисоко конкурираат Лука Јовиќ кој за Франкфурт веќе постигна 20 голови и босанскиот напаѓач од редовите на Рома, Един Џеко.