Дома Фудбал Лига на шампиони Изјавата на Пандев по освојувањето на ЛШ и моментот кога гордо го покажа македонското знаме пред цела Европа (ВИДЕО)

Изјавата на Пандев по освојувањето на ЛШ и моментот кога гордо го покажа македонското знаме пред цела Европа (ВИДЕО)

Денес изминуваат точно 10 години од кога Пандев со Интер ја освои Лигата на шампионите.

По тој повод ќе ве потсетиме на изјавата на македонскиот капитен по победата над Баерн Минхен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Ова е сон за мене, пресреќен сум. Сакам да им се заблагодарам на сите, бидејќи ме примија одлично и ми помогнаа кога дојдов во Интер.Среќен сум што овој клуб после многу години успеа да освои Лига на шампиони”

Новинарот: Ако ти кажеше некој на почетокот на сезоната, кога беше надвор од тимот на Лацио, дека на 22 мај ќе освоиш Лига на шампиони, што ќе помислеше?

“Сигурно дека немаше да верувам бидејќи поминав многу лоши 6 месеци во Лацио, но за среќа дојдов во голем тим кој др бори за важни трофеи. На крајот сум пресреќен бидејќи освоив се со Интер”

“Исто така сакам да им се заблагодарам на сопругата и моето дете кои ми беа секогаш поддршка во тешките месеци. Интер е силен тим и ќе се обидеме да освоиме трофеи и следната сезона”.

На крајот од изјавата Пандев и гордо го покажа македонското знаме кое го развеа на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Два премиерлигаши во борба за Белингам – се нудат дури 180 милиони евра

Ливерпул наводно подготвува понуда од 180 милиони евра за Џуд Белингам како би се натпрева…