Дома Македонски спорт Изненандување од Чаир: Шкупи го раскинал договорот со големото засилување!

Изненандување од Чаир: Шкупи го раскинал договорот со големото засилување!

Оваа зима Сенегалецот Мамаду Данфа пристигна во Шкупи како големо засилувања, а летово го постигна и првиот европски гол против Линколн од Гибралтар.

Сепак, пред продолжувањето на европскиот пат на Шкупи Данфа си заминал Чаир. Од ФФМ е потврдено дека Данфа и Шкупи спогодбено ги раскинале договорите. Договорот кој Данфа го потпиша имаше важност од две години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сега е и јасно зошто тој не беше во комбинација за настап во вчерашниот натпревар против Шамрок кој Шкупи во Ирска го загуби со 3:1 и сега со два гола негатива ќе го чека реваншот во Скопје.

Засега не е познато каде Данфа ја продолжува кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…