Младиот холандски фудбалер Френки Де Јонг на крајот од сезоната ќе го напушти Ајакс и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.
Де Јонг уште од пред неколку месеци потпиша договор со каталонскиот клуб, но беше договорено да остане во Ајакс до завршувањето на оваа сезона. Барселона за него плати сума од 75 милиони евра, плус 11 како бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега главната цел на Барселона е да го обезбеди и потписот на неговиот пријател Матијас Де Лихт кој исто така воодушеви во Ајакс оваа сеозна.
19 годишниот играч стана капитен на клубот од Амстердам и се наоѓа на мета на многу клубови, но од почетокот најмногу се поврзува со Барселона која сака да доведе квалитетен стопер.
Барселона и играчот се во преговори, но се уште не објавено дека договор има. Сепак, тој изгледа е блиску бидејќи Де Лихт допатува заедно со Де Јонг во Барселона.