Дома Топ вести Изненадување од Париз: Нејмар е поважен од Мбапе!

Изненадување од Париз: Нејмар е поважен од Мбапе!

Доаѓањето на Маурисио Покетино на клупата на ПСЖ до некаде ќе ги промени плановите на клубот на трансфер пазарот во наредниот период, но суштината останува уста – клубот сака под итно да се продолжи со договорот со еден од двајцата најдобри играчи во тим – Нејмар и Килијан Мбапе.

Прво од Мадрид одекна бомбастична вест дкеа спортскиот директор Леонардо на убедување од сопствениците од Катар донел одлука приоритет да биде соработката со Нејмар, пред Мбапе! Веста е изненадување затоа што Мбапе е еден од најдобрите, ако не и најдобар француски фудбалер во овој мест. Сепак, од друга страна и може да се разбере затоа што Нејмар расчисти со себе и реши да остане во Париз, додека Мбапе се уште не е сигурен што ќе биде во иднина и многу се поврзува со Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За тоа се пишуваше и во мадритските медиуми во изминатите денови, Флорентино Перез има намера на лето силно да тргне по потписот на Мбапе и така да продолжи да ги формира новите „Галактикоси“.

Нејмар и Мбапе имаат договори со ПСЖ до јуни 2022 година. Сега Леонардо има задача прво да се заврши работат со Нејмар. Бразилецот се смета за маркетиншки повеќе исплатлив од Мбапе во воој момент и тоа веројатно ја диктира стратегијата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …