Килијан Мбапе истакна дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ кој му истекува наредната година, меѓутоа додаде и дека нема да замине ова лето. Сепак, таквото сценарио на шеиците не им се допаѓа.
Ако тоа се случи Мбапе наредното лето без оштета ќе си замине од Париз и ова лето е последна шанса на него да зарабоатат. Мбапе заработува 72 милиони евра годишно, па во ПСЖ не сакаат да му исплатат толкава сума кога знаат дека наредната сезона ќе го загубат бесплатно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Набрзо потоа стигна вест дека Реал Мадрид се договорил со ПСЖ за трансфер за 200 милиони евра плус 50 преку бонуси. Познато е дека Реал Мадрид е желбата на Мбапе, меѓутоа сега наводно во трката влегол и Ливерпул.
Марко Кидермир, агент на ФИФА кој тврди дека е добро упатен во ситуацијата со Мбапе изјави дека Ливерпул спрема понуда.
„Ливерпул сака да плати веднаш 250 милиони евра и плус дополнителни бонуси за Мбапе. Влезе во борба за Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“.
Како и да е Реал, се уште важи за фаворит за неговиот потпис, но да видиме што ќе се случува во наредните денови од преодниот рок.