Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа лесно и убедливо избори пласман во второто коло на Ролан Гарос, го победи Јапонецот Нишиока со 3:0 во сетови.




Според проекцијата на ждрепката, доколку нема поголеми изненадувања, Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето би требало да се сретне со својот најголем ривал Рафаел Надал, а актуелниот тренер на Новак Горан Иванишевиќ во интервју за париски „Л’Екип“ изјави дека тоа ќе биде најголемото четвртфинале во историјата на овој грен слем турнир.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Но, во таа прилика Иванишевиќ даде и една изненадувачка изјава, поврзана со исходот од потенцијалниот дуел Ѓоковиќ – Надал во Париз.




„Кога ја видов ждрепката,веднаш кажав дека Надал ќе стигне до финалето, што значи дека ќе го победи Новак. За мене има само еден фаворит на Ролан Гарос а тоа е Рафаел Надал! Дури и со повредата на стапалото што ја имаше во Рим“, изјави Иванишевиќ.




Звучи чудно, но намерата на Иванишевиќ можеби е да изврши мал притисок врз Надал со тоа што му ја додели фаворитската улога.