Дома Фудбал Останато Избрани најскапите 10 голмани: Првата тројка е од Премиер лигата (ФОТО)

Избрани најскапите 10 голмани: Првата тројка е од Премиер лигата (ФОТО)

Фудбалскиот институт „ЦИЕС“ ја пресмета вредноста на најскапите голмани во светот.

На основа на специјален алгоритам во кој се земаат во предвид квалитетот, годините, должината на договорот и клубот во кој игра избрани се наскапите 10 голмани во светот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Првото место можеби изненадувачки му припадна на Едерсон од Манчестер Сити со вредност од 86.8 милиони евра. На подиумот се негови колеги од Премиер лигата.

На второто место се најде Алисон Бекер од Ливерпул со вредност од 84.2 милиони евра, додека трет е Кепа Аризабалага со 76.4 милиони евра.

Јан Облак и Марк Андре Тер Штеген се на четвртото и петто место. Нивната вредност е 52.7, односно 50.2 милион иевра.

Во топ 10 се наоѓаат уште Куртоа, Де Геа, Пикфорд, Пау Лопез и Алекс Мерет.

Изненадување е што помеѓу најскапите 10 голмани го нема Џанлуиџи Донарума, но тука веројатно влијаеше што неговиот договор истекува за 12 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…