Кристиано Роналдо и Лионел Меси и понатаму се во врвот на светскиот фудбал, но нивната вредност полека ја надминуваат некои нови момци.
Таквиот развој е сосема логичен со оглед на годините на двајцата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Истражувачката група „Фудбалската обсерваторија „ЦИЕС“ објави нова ранг листа на највредните фудбалери на денешеницата. Лионел Меси се најде на четвртото место со вредност од 167.4 милиони евра, додека Кристиано Роналдо е 20-ти. Португалецот се проценува на вредност од 118 милиони евра.
Како и на некои претходни листи највреден Килијан Мбапе, него го проценуваат на 252 милиони евра.
Да се вратиме на Роналдо и Меси.
Во изминатите 10-тина година ниту еден избор за најдобар тим (без оглед на критериумите) не можеше да помине без нив двајца.
Меѓутоа сега највредниот тим на светот (според ЦИЕС) беше токму таков – без Роналдо и Меси.
На голот на замислениот тим стои голманот Ливерпул Алисон кој има вредност од 107.5 милиони евра.
Последната линија пред голот ја сочинуваат: Емерик Лапорт, Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и Трент Александер Арнолд.
Во средниот ред своето место го добија: Пол Погба, Бернардо Силва и Фелипе Кутињо.
Напаѓачкото трио е составено од: Килијан Мбапе, Мохамед Салах и Рахим Стерлинг. На тој начин Меси иако е четврти на листата остана без место во овој избор.