Дома Луд Спорт Идиот на годината: Погледнете што направи овој навивач на Астон Вила

Идиот на годината: Погледнете што направи овој навивач на Астон Вила

Гај Хигинс (36) заслужи неговото име да се истакне, бидејќи покажа дека е човек од збор.

Одличниот навивач на Астон Вила сопругата ја запознал на тренингот на саканиот клуб, а свадбата им била тематска, во клупските бои. Од медениот месец се откажале кога сфатиле дека така би пропуштиле два натпревари на Астон Вила, а сега има нов доказ за вечната верност на саканиот клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Доколку Џон Тери потпише за Вила, ќе го истетовирам неговото име на задникот“, напиша Хигинс неодамна на Твитер, кога започнаа шпекулациите дека легендата на Челзи доаѓа во неговиот клуб.

Се разбира, се случи токму тоа: паднатиот гигант на англискиот фудбал го доведе симболот на Челзи, а многу навивачи на Вила кои направија скрин шот на коментарот на Хигинс, му го стаија под носот.

Но, тој го направи тоа што го вети: колекцијата на тетоважи посветени на Астон Вила на неговото тело, одсносно мал лав (симболот на клубот) на ногата и големиот лав на раката, ја додаде и третата тетоважа.

Но, на неговиот задник засекогаш ќе остане „Џон Тери. Капитен. Лидер. Вилан“. Задниот поим е збор кој го нарекуваат Тери, а тоа значи „негативец“, но исто така ги нарекуваат и навивачите на Астон Вила.

 

Подолу од тетоважата, Хигинс го додаде и „SOTC“. Тоа е навреда која се однесува до градскиот ривал “Shit on the (Birmingham) City“.

Доказот за исполнвуањето на ветуавњето го објави и на Твитер со коментар „Доколку во иднина излезат шпекулации дека кај нас доаѓа Меси, само ќе молчам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…