Дома Фудбал Англија Игра за Арсенал и заработува два милиони евра, а неговата мајка е бездомник и живее во контејнер…

Игра за Арсенал и заработува два милиони евра, а неговата мајка е бездомник и живее во контејнер…

arsenal

Мајката на младата ѕвезда на Арсенал тврди дека е приморна да живее во метален контејнер во еден магацин…

Ејнсли Мејтланд-Најлс (20) во редовите на Арсенал заработува 33.600 илјади евра неделно (околу два милиони евра) по сезона и живее во стан од 800.000 евра. За разлика од неговиот луксузен живот, неговата мајка Џули Најлс (38) живее на улиците во Лондон како бездомник.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Во станот Ејнсли живее со својот брат. Нивната мајка Џули која за да се згрее оди во библиотеката или некоја од кафетериите својата тешка приказна им ја раскажа на англиските медиуми.

Џули како бездомник започнала да живее пред три месеци после расправијата со нејзиниот 20 годишен син Ејнсли кој е проценет на 17 милиони евра.

„Живеам во метален контејнер без прозори. Немам ниту тоалет, ниту место каде што можам да се бањам. Мојот син Ејнсли може да ми купи стан со само две негови неделни плати, но парите му удрија во глава и поради тоа јас сега сум ваква ситуација. Тој игра за Арсенал, а јас сум бездомник. Немам дом, ми недостига водењето на хигиена кое во вакви услови е навистина тешко. Навистина се чуствувам ужасно, сакам да знам барем каде погрешив“, изјави Џули за медиуми.

Но, Џули има интересна историја. Џули Најлс во 2005 година била уапсена поради тоа што физички го нападнал преговарачот на Арсенал Дик Лоу со кого преговарала за договорот на нејзиниот талентиран син, а после само една година направила нов проблем. Преку СМС пораки му се заканувал на менаџерот на Ипсвич бидејќи го пуштал Ејнсли да игра.

Таа смета дека некој успеал да го убеди нејзиниот син дека за него е подобро да се дистанцира од својата мајка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…