Репрезентативецот на Македонија, Иван Тричковски е избран за играч на сезоната во Кипар и тоа во изборот од страна на тренерите и најсилната кипарска конкуренција.
Тричковски оваа сезона беше стрелец на 24 голови на 39 натпревари. Голгетерскиот учинок сигурно би му бил подобар ако немаше проблеми со повредите. Тричко во супер форма игра од јануари навака, се до моментот на повредата. Во овие моменти е надвор од терените и веројатно ќе ги пропушти натпреварите за Македонија кои се играат во јуни против Полска и Австрија во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со АЕК Ларанка Тричковски играше во групната фаза од Лигата на Европа. Освен тоа тој стана и рекордер по бројот на постигнати голови на АЕК, но и најдобар странски стрелец во кипарското првенство.
Наградата за играч на сезоната Тричковски ќе ја добие во понеделник на церемонијата кога ќе се избираат најдобрите во кипарскиот фудбал.