Дома Македонски спорт Ивановски трчал повреден 36 километри: По времето може да се забележи дека нешто ми се случувало

Ивановски трчал повреден 36 километри: По времето може да се забележи дека нешто ми се случувало

Дарио Ивановски денеска стана првиот Македонец кој истрчал маратонска трка (42 километри) на Олимписки игри.

Ивановски истрча послабо од својот најдобар резултат на оваа делница и трката ја заврши со време од 2:28.15. По маратонот изјави дека се соочил со повреда на коленото на шестиот километар која му правела проблеми и го спречила да има подобро време. Така може да се заклучи дека македонскиот атлетичар истрчал 36 километри во ситуација на повреда.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека тоа е успех. Да кажам дека имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е.

Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. По времето денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио“, изјави Ивановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Симеоне викендов испишува историја: Ова не му успеало на никој друг!

Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во истори…