Калин Ивановски го заврши настапот на челинџер 75 турнирот во францускиот град Каси. Тој во првото коло за ривал го имаше искусниот италијански тенисер Франциско Гаио (8.носител) и загуби со 2-1 во сетови, иако имаше водство по првиот сет (16 64 64).
Мечот траеше нешто помалку од два часа. Послабиот процент на првиот сервис 50 за Ивановски и 61 за Гаио и послабата реализација на брејк топките се причините за денешниот пораз (Ивановски 2/7; Гаио 3/4).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот сет го доби македонскиот тенисер и тоа на убедлив начин со 6:1 во гемови кога успеа да ги направи и двата брејка. По 2:1 во гемови, Ивановски напрви брејкови во четвртиот и во шестиот гем со што имаше убедливо водство. Во вториот сет Гаио направи брејк во шестиот гем и поведе со 4:2, а во следниот гем Ивановски испушти брејк топка. Сетот заврши со 6:4 за италијанскиот тенисер. Во решавачкиот сет Ивановски имаше предност и водство во сетот, но сепак по 4:4 брејк направи Гаио (Ивановски спаси една брејк топка) во деветиот гем и поведе со 5:4. Во следниот гем на сервис на противникот Ивановски не искористи две брејк топки, а Гаио потоа со два ас сервис го освои гемот, а со тоа и сетот и мечот.
Ивановски за следната недела е пријавен на фјучрс турнир во Португалија.