Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола потврди дека напаѓачот е успешно опериран во САД и откри кога повторно ќе се врати на фудбалските терени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако ги повреди лигаментите на коленото светските медиуми шпекулираа дека тоа ќе биде крај на кариерата за 35-годишниот напаѓач.
Сепак, Ибрахимовиќ не се предава и најави сигурно враќање на терените после периодот за рехабилитација.
„Тоа не е повреда поради која би можел да ја заврши кариерата. Операцијата е успешно извршена во САД. Златан веќе ја започна рехабилитацијата и сигурно ќе се врати на терените“, изјави Мино Раиола.
Ибрахимовиќ оваа сезона одигра 46 натпревари за Јунајтед на кои постигна 28 гола, а медумите тврдат дека на терените ќе се врати во декември оваа година.