Се чинеше дека Златан Ибрахимовиќ својата кариера ќе за заврши во САД, но шведскиот напаѓач веројатно се враќа во Европа.
Имено, медиуми во Италија пред неколку дена пренесоа информација дека за услугите на Ибрахимовиќ е заинтересиран Милан. На почетокот тоа изгледаше како една од безброј новинарски шпекулации, но брзо стана јасно дека голгетерот навистина може повторно да заигра на Сан Сиро.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Росонерите на Ибра за шест месеци му понудија ‘хонорар’ од два милиони евра, но дали има договор или не, за сега не е познато.
„Постои интерес, не е тајна дека ме посакува Милан. Нема да кажам ни да ни не. Ќе видиме. Гатусо беше одличен играч, сега е одличен тренер. Се гледа дека играчите го сакаат. Но, нема да смета ако уште една година поминам во Лос Анџелес.“ – изјави Ибра.
Ибрахимовиќ во минатото за Милан одигра 85 натпревари и запиша 56 погодоци и 24 асистенции.