Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ: Само еден човек има леснотија мене да ме импресионира

Ибрахимовиќ: Само еден човек има леснотија мене да ме импресионира

Во интервјуто кое го даде за магазинот „Вилт“, Златан Ибрахимовиќ призна дека него не е лесно некој да го импресионира, иако само на еден човек тоа постојано му успева.

Тоа е човекот кој се грижи за неговата кариера, односно агентот Мино Раиола.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Фасцинантно е со каква леснотија ги решава работите кои се однесуваат на бирократијата и папирологијата. Тоа е вистински пекол за поголемиот број луѓе, додека за него тоа е боза“, истакна Златан.

Шведскиот интернационалец, истакна и некој збор за себе и своите навики надвор од терените.

„Јас сум семеен човек. Работам работи кои ги засегаат повеќето татковци. Им помагам на децата околу домашните задачи, гледаме филмови, понекогаш играме и видео игри. Можеби на луѓето ќе им звучи чудно, но понекогаш и готвам“, вели Ибра.

Новинарката која го водеше интервјуто ја интересираше и која е неговата омилена книга, чиј одговор гласеше „Алхемичарот“ од Пауло Коелјо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…