Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Не е нормално Милан толку долго да е надвор од елитата

Ибрахимовиќ: Не е нормално Милан толку долго да е надвор од елитата

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше за своите цели и за целите на Милан оваа сезона.

Ибра и на 39 години блеска во дресот на Милан и покажа дека се уште е еден од најдобрите играчи во Серија А.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Швеѓанецот вели дека неговата цел е секогаш да биде на врвот.

„Да се биде втор значи да бидеш прв меѓу последните“, изјави Ибрахимовиќ.

„Не сакам да си поставувам лимити, никогаш не го правам тоа. Сакам да го дадам најдоброто од себе и да го извлечам најдоброто од соиграчите. Дојдов во Милан бидејќи ова е најтешкиот предизвик во мојата кариера. Не е нормално Милан толку долго да биде надвор од елитата. Со должна почит, кога ја видов Аталната во Лига на шампиони, а Милан не, дојдов да го променам тоа“, изјави Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни откри дека добивал смртни закани по трансферот во Јунајтед

Поранешниот напаѓач на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни откри дека добивал за…