Италијанскиот фудбалски клуб Милан се подготвува за пријателски натпревари во градот Балтимор во Соединетите Американски Држави. Во Америка со тимот на Милан е и Златан Ибрахимовиќ, легенда на клубот кој денес работи како консултант. Златан даде интервју за угледниот американски спортски весник „Атлетик“ во кое зборуваше за својата нова улога на советник.
„Имам влијание во многу прашања во клубот. Моја задача е да донесам резултати и да ја зголемам вредноста на тимот и амбицијата за победа. Јас не сум бејбиситерка. Моите играчи се возрасни и тие треба да преземат одговорност. Мора да дадат 200 проценти кога не сум таму“, изјави Златан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“Јас не сум верник. Верувам само во почит. Само јас можам да се судам себеси. Не верувам во Бог. Кога брат ми почина од леукемија, каде беше тој?
Му се молиш секој ден, му благодариш секој ден, но тогаш каде е Тој во такви моменти. Во мојот свет секој е свој бог“, рече меѓу другото Ибрахимовиќ.