Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ емотивен: Ќе му судам по она што беше на теренот, секој живее онака како што сака

Ибрахимовиќ емотивен: Ќе му судам по она што беше на теренот, секој живее онака како што сака

Taгата по Диего Армандо Марадона се уште не се намалува…Заминувањето на еден од најголемите фудбалот силно го потресе светот.

Еден од фудбалерите кои изразија длабоко сочуство е напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ. Ретко ќе слушнете од Ибра дека имал идоли и дека некого гледа како божество. Обично е ладен, арогантен, препотентен…Но, смртта на Диего го стопи и неговото срце.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многу ми е жал, за мене Марадона е повеќе од фудбал. Тој е легенда за многумина. Имав среќа да го запознаам и да зборувам со него. Го сметам за идол на сите фудбалери. Кога ќе помислите на бројот 10, кој ви паѓа на памет? Марадона! Тој е симбол на „десетката“. Денес луѓето го избираат тој број поради него“.

„Не знам дали носел правилни одлуки во животот, но знам дека се што правеше, правеше со срце. Секогаш беше свој човек. Модерниот фудбал денес е преполн со фудбалери кои се обидуваат да бидат совршени во секоја смисла и да не прават грешки. Меѓутоа, човек за да порасне и да созрее потребно е да греши. Никој не се родил совршен. На Марадона му судам по она што го правеше на теренот, тоа што го правеше надвор од него тоа е негова работа. Секој треба да живее онака како што сака. Треба да го паметиме по она што беше на теренот и сигурен сум дека историјата така ќе го памети“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …