Златан Ибрахимовиќ денес го постигна својот прв гол по враќањето во Милан, точно 2806 дена откако последен пат ја тресеше мрежата во црвено-црниот дрес.
Милан гостуваше во Каљари и со победа од 0:2 и нов систем на игра најави излез од кризата, Ибрахимовиќ беше стрелец на вториот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швеѓанецот со „росонерите“ потпиша договор до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен. После натпреварот новинарите ги интересираше дали ќе го продолжи договорот, а Ибра им одговори во свој стил.
„Дали ќе го продолжам договорот? Да, ако го освоиме првенство, знам дека ќе биде тешко“, одговори Ибрахимовиќ па продолжи:
„Игравме со двајца напаѓачи и две крила за да биде повеќе офанзивни. Денес беше добро, освоивме три бода. Се надевам дека ќе продолжиме вака“, изјави Ибрахимовиќ.