Дома Останати Ракомет Зошто Динамо лаже дека преговарале со Чупиќ?

Зошто Динамо лаже дека преговарале со Чупиќ?

Денес во јавноста се појави изјава на директорот на Динамо Букурешт, Даниел Георгеску кој изјави дека тие преговарале со Иван Чупиќ.

Георгеску во текот на дешениот ден изјави:

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Чупиќ беше блиску до нашиот тим, преговаравме, но се откажавме од негово доведување затоа што од наредната сезона ќе мора да имаме најмалку осум романски ракометари“, изјави Георгеску.

Наводно потоа место за Чупиќ се одлучиле за нивниот репрезентативец Валентин Јонеа.

Меѓутоа не помина многу за да добиеме демант и тоа од менаџерот на Чупиќ кој во јавноста тврди дека романскиот тим никогаш не го контактирал Чупиќ.

„Зачудени сме и ние од тоа што го прочитавме во медиумите. Тие никогаш не го контатирале Чупиќ“, изјави Милан Павичевиќ.

Сега останува само да погодуваме зошто од Динамо се решиле да лажат дека преговарале со ракометарот на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер се огласи откако беше избркан од Војводина поради присуството на концерт

Хрватскиот голман Филип Ивиќ беше отпуштен од Ракометниот клуб Војводина поради присуствот…