На натпревар од градската фудбалска лига во Србија, помеѓу Горно Синковце и Радник Шишинац, се случи неверојатна сцена, која го обиколи светот.
Имено, влезе змија на теренот и за момент направи прекин. Најхрабар беше судијата кој ја фати змијата со рака и ја фрли надвор од игралиштето, по што дуелот продолжи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се случи необична ситуација. На теренот се појави змија, поради што беше прекинат натпреварот. Неверојатно е што судијата успеа да ја фати и да ја тргне од теренот, а притоа змијата не беше повредена. Според последните информации, се покажа дека судијата бил отпорен да двете каснувања“, стои во објавата на „Инстаграм“ на домашниот тим Горно Синковце.