Искусниот чувар на мрежата Златко Даскалоски и еден од играчите со најголем стаж во клубот Давид Даев и следната година ќе бидат дел од Голден Арт.
Давид Даев кој е дел од Голден Арт од самото формирање на клубот, последните години се профилира во стандарден член и важен дел од тимот, како во одбрана, така и во напад. 22-годишниот Даев потпиша договор со клубот со важност на две години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златко Даскалоски, поранешниот чувар на мрежата на националниот тим, пристапи на тимот пред две сезони, носејќи стабилност и квалитет на голот на тимот од Аеродром. Покрај главната задача во улога на чувар на мрежата, Даскалоски е задолжен за работа со голманите, пренесувајќи го своето искуство на помладите колеги од младинските категории на Голден Арт. Даскалоски се договори со клубот за соработка во период од една година, до следниот јуни 2024 година.
Голден Арт претходно ги обнови договорите со Милошески, Шилегов, Дрпљанин и Миланов, а во планот и стратегијата на клубот е префрлување на добар дел од играчите од шампионската генерација во младинска конкуренција, во сениорскиот тим.