Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан сигурен: Роналдо ќе игра во финалето!

Зидан сигурен: Роналдо ќе игра во финалето!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е 100% сигурен дека првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо ќе биде спремен за финалето против Ливерпул во Лигата на шампиони.

Роналдо се повреди за време на Ел Класико и на полувремето излезе од игра, па најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Севиља и Селта во Примера.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Роналдо почна да оди само 48 часа после мечот. Тоа ја покажува неговата огромна амбиција. Сигирно ќе биде спремен за финалето, исто како и Иско и Кавахал. Во тоа можете да бидете сигурни 100%“, изјави Зидан.

„Финалето во Лигата на шампиони нема да биде дуел меѓу Кристиано Роналдо и Мохамед Салах. Не знам дали Салах ќе ја освои Златната топка, но навистина игра фантастична сезона. Меѓутоа, финалето е битка на Реал и Ливерпул, а не на Роналдо и Салах“, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дијаз постигна два гола, а потоа брутален старт (видео)

Неверојатни 45 минути на Луис Дијаз. Колумбиецот во дресот на Баерн со два гола го нокаути…