Дома Македонски спорт Зголемена поддршка за Охридскиот пливачки маратон

Зголемена поддршка за Охридскиот пливачки маратон

Во сабота, во Охрид ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Ова традиционално спортско натпреварување е дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација.

Оваа година, прекрасниот Охрид е домаќин на вкупно 22 натпреварувачи.
15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Повторно ќе бидеме сведоци на одличната физичка и психичка подготвеност на натпреварувачите, кои во охридските води ќе го манифестираат натпреварувачкиот дух, фер плејот и желбата за успех.

Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваа година, Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.

Работиме на подобрување на состојбата во пливањето и водените спортови, заедно со домашните федерации и професионалните спортисти докажани во оваа област.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…