Дома Фудбал Останато Заработува колку половина екипа, но погледнете колку натпревари на Арсенал пропушти Озил

Заработува колку половина екипа, но погледнете колку натпревари на Арсенал пропушти Озил

ozil

Германскиот фудбалер Месут Озил оваа сезона како да не е член на Арсенал, бидејќи повеќе натпревари ги гледаше од својот дом отколку што ги одигра.

Озил неодамна стана најплатен фудбалер на „Топчиите“ и неделно заработува околу 400,000 евра што повеќе ги лути навивачите на Арсенал. Од него оваа сезона се очекуваше дека ќе биде еден од клучните играчи на овој тим, но германскиот играч за врска е далеку од тоа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Оваа сезона Озил пропушти повеќе натпревари, а ако не беше на клупата за резервни играчи, тогаш тие натпревари ги гледаше од својот дом. Германецот се жалеше од различни повреди од почетокот на сезоната, а иако веќе неколку недели е подготвен за игра и понатаму го нема на мапата.

Претходните неколку натпревари Унаи Емери едноставно одлучи Озил да не конкурира за натпреварите на Арсенал и на никого не е јасно зошто се случува, бидејќи е повреден. Навивачите на Арсенал бараат одговор зошто не игра фудбалерот кој заработува речиси колку половина екипа на лондонскиот клуб.

Она што најмногу ги налути навивачите на Арсенал е фактот дека натпреварот против БАТЕ беше 100. кој Озил го пропуштил од своето доаѓање во Арсенал. Германецот ги засили „Топчиите“ летото 2014. година, кога пристигна од Арсенал и за нешто повеќе од четири години пропушти дури 100 официјални натпревари.

Но, ниту тоа не би било проблем за навивачите на Арсенал кога би знаеле дека е повреден и дека едноставно не може да игра. Вака, кога тој тренира со екипата на Арсенал, а не игра на натпреварите, прашањата се се поголеми, а одговори од управата се уште нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…