Со четирите натпревари што се играат денеска стартува 25.то издание на ракометната Лигата на шампионите каде титулата ја брани француската екипа Монпеље, а во групната фаза ќе играат и македонските екипи Вардар и Металург.

И оваа сезона ќе се натпреваруваат 28 екипи од вкупно 20 држави, поделени во четири групи две со по 8 екипи (А и Б група) и две со по 6 екипи (Ц и Д група).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првото коло денеска играат:
Кокс – Адемар Леон (Ц група)
Мотор – ПСЖ (А група)
Динамо Букурешт – Елверум (Ц група)
Рајн Некар – Барселона (Б група).

Во првото коло македонскиот првак Вардар гостува кај европскиот првак Монпеље во сабота (17:30 часот), а Металург ќе игра на теренот на Спортинг истиот ден од 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …