Дома Фудбал Англија Започна големото судење на Манчестер Сити

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение против клубот со 115 точки за прекршување на финансиските правила. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Обвиненијата вклучуваат прикажување лажни финансиски податоци и непотполно прикажување на платите, особено во случајот на поранешниот тренер Роберто Манчини.

Ако се докаже вината на клубот, Сити би можел да биде казнет со одземање на бодови или дури и исфрлен од Премиер – лигата.

Судењето се очекува да трае неколку месеци, а пресудата би можела да биде донесена идната пролет, иако процесот би можел да се продолжи поради можни жалби од страна на клубот.

Сослушувањето ќе биде пред независна комисија далеку од очите на јавноста и се очекува целиот процес да трае неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во …