Дома Актуелно Занети: Лукаку не предаде, разочарани сме од неговото однесување

Занети: Лукаку не предаде, разочарани сме од неговото однесување

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ги коментираше информациите дека напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да се пресели во Јувентус.

– „Лукаку го предаде Интер, разочарани сме. Очекувавме многу поинаков однос од него, како професионалец, но и како човек. Има право да оди каде сака, ќе го прифатевме, но требаше само навреме да се каже за тоа.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Сепак, никој не може да биде поважен од клубот, а кога креирате тим, секогаш треба да размислите кого да ставите во соблекувалната, изјави Занети за „Tuttomercatoweb“.

Претходно беше објавено дека Јувентус ги продолжува преговорите со Челзи за трансферот на Лукаку.

Минатата сезона 30-годишниот Белгиец настапуваше за Интер како позајмен играч. Напаѓачот постигна 14 гола и седум асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. з

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Освоен Платинум Џекпот од 2.184.283 денари во KAZZINO MOZZART

Автомат клубовите Kazzino Mozzart нудат одлична забава и загарантирани добивки, а тоа можа…