Британската полицијата ги истражува заканите упатени кон сопругата на фудбалскиот судија Мајкл Оливер (33) кој е во центарот на вниманието на јавноста веќе неколку дена поради досудениот контроверезен пенал во ¼ финалето помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Оливер во третата минута од судиското продолжение досуди пенал за „кралевите“ кој во погодок го претвори Кристиано Роналдо и со тоа на Реал му обезбеди пласман во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот судија доби жестоки критики од целиот фудбалски свет, но одредени медиумите пренесуваат дека критиките отишле предалеку и прераснале во закани. Англичаните тврдат дека сопругата на Оливер, Луси добила смртни закани откако на друштвените мрежи бил објавен нејзиниот телефонски број.
Покрај заканите преку телефон, се наведува и дека доцна во ноќта група на револтирани фанови тропале на вратата од нивниот дом и ги навредувале со се што им паднало на памет.
Треба да се истакне дека како и нејзинот сопруг и Луси Оливер е судијка, таа суди натпревари на фудбалерки од пониските лиги во Англија.