Дома Фудбал „Контроверзниот“ Оливер ќе го суди финалето меѓу Челзи и Јунајтед!

„Контроверзниот“ Оливер ќе го суди финалето меѓу Челзи и Јунајтед!

Фудбалската асоцијација на Англија денес го одреди судијата кој ќе ја дели правдата на финалето во ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

Одлуката е интересна, бидејќи за главен судија е избран 33-годишниот Мајкл Оливер, кој е во центарот на вниманието поради досудениот пенал на мечот Реал – Јувентус.

Одлуката на Оливер да досуди пенал во 93-та минута го подели светот, но сега во финалето од ФА Купот ќе ја има помошта и од ВАР системот.

Финалето помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи ќе се игра на 19-ти мај на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…