Познатиот англиски судија Марк Клатенбург зборуваше за стравовите кои ги носи животот на еден професионален судија.
Грешките се составен дел од секоја работа, но во фудбалот тоа знае да биде проблематично. Судиите кои ќе погрешат во големите натпревари добиваат смртни закани, а судијата Мајкл Оливер морал да се пресели после натпреварот Реал Мадрид – Јувентус во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога сте судија тогаш ви станува нормално да ви се закануваа. Да имав смртни закани. Секогаш пријавував во полиција, но никогаш никој не бил уапсен затоа што се работеше за анонимни закани“, изјави Клатенбург.
Клатенбург зборуваше и за драмата која ја поминувал Мајкл Оливер после мечот со Јувентус – Реал Мадрид кога „старата дама“ беше елиминирана.
„Оливер мораше да го пресели неговото семјество после мечот во кој Реал го елиминираше Јувентус во 2018 година. Едноставно мораше да го направи тоа за да се заштити себе и своето семејство. Судиите се луѓе како и сите други и тие грешат, тоа мора да се разбере“, порача Клатенбург.