Како што пренесуваат шпанските медиуми, „Топчиите“ и „Црвените“ се заинтересирани за шпанскиот репрезентативец.
Според пишувањата на шпанска „Марка“, Арсенал и Ливерпул ова лето ќе се борат за потписот на Лукас Васкез.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој 26-годишен фудбалер изминатата сезона запиша 56 настапи во дресот на „Лос Бланкос“, поголемиот дел од времето влегуваше од клупата, но одигра навистина одлична сезона.
Заврши и со шпанската репрезентација во Русија, а има гласини и дека ова лето би можел да ја промени средината.
Емери е заинтересиран да го види својот сонародник на „Емирати“, додека Клоп и порано покажуваше интерес за неговите услуги.
Прашањето е само дали Реал е подготвен да го пушти и за колку, со оглед на тоа дека се претпоставува дека Лопетеги ќе им дава поголеми шанси на шпанските играчи, што не беше случај со Зидан и неговата тренерска филозофија.