Натпреварот помеѓу Вардар и Киелце беше обележан со неколку спорни моменти, а ЕХФ денес донесе одлуки.
Средбата помеѓу Вардар и Киелце заврши со два црвени картони, по еден и на двете страни. Покрај исклучувањата Тимур Дибиров испрати еден неспортски гест кон публиката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Епилогот од овие случувања беше следниот: Борозан за црвениот картон заработи суспензија од еден натпревар. Од друга страна Душебаев од Киелце помина неказнето.
Дибиров за споменатиот гест кон публиката ќе мора да исплати казна во износ од 3.000 евра, а доколку во иднина го повтори ќе мора да плати 1.000 евра повеќе.
Вардар во следното коло од Лигата на шампионите ќе се сретне со Мешков Брест. Борозан нема да биде во комбинација за настап на оваа средба, но затоа би можеле да го видиме новото засилување Германецот, Дисингер.