
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави најновото издание на ранг-листата на националните селекции, а македонската машка сениорска репрезентација може да биде задоволна од направениот исчекор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По настапот на Европското првенство кое неодамна се одржа во Данска, Шведска и Норвешка, Македонија освои вкупно 48 бодови и се искачи на 15. позиција на ЕХФ ранкингот со 31,25 бодови. Овој пласман претставува напредок од четири места во однос на минатата година, што е јасен показател за континуитетот и стабилноста на селекцијата.
Ранг-листата на ЕХФ се формира врз основа на настапите на најголемите натпреварувања и квалификациите во изминатите четири години. Притоа, резултатите остварени во 2025 и 2026 година се вреднуваат во целост, додека оние од 2023 и 2024 година имаат половична тежина во конечната пресметка.
На врвот на европскиот ракомет и натаму цврсто стои Данска со 118 бодови, пред Франција која собра 94 и Германија со 91 бод, кои ја заокружуваат водечката тројка на континентот.