Дома Фудбал Англија „ЕСПН“ тврди: Наскоро „паѓа“ потпис на „Олд Трафорд“

„ЕСПН“ тврди: Наскоро „паѓа“ потпис на „Олд Трафорд“

Бројни клубови се заинтересирани за неговите услуги, но судејќи според се тој нема да ја промени средината.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера ќе го продолжи договорот со клубот, пренесуваат американските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговиот договор истекува на крајот од сезоната што значи дека во јануари може да преговара со некои од заинтересираните клубови.

Како што пренесува „ЕСПН“, Ерера е во преговори со челниците на клубот и очекува договор да биде постигнат до крајот на календарската година.

За 29 годишниот шпански фудбалер интерес покажаа Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и Рома.

Тој во 2014 година од Билбао за 30 милиони евра премина во Манчестер Јунајтед за кој одигра 172 натпревари и постигна 18 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Драма на „Емирати“: Арсенал се спаси од пораз против Манчестер сити (Видео)

Арсенал и Манчестер Сити, одиграа возбудливо дерби во петтото коло од Премиер лигата, завр…