Дома Фудбал Италија Ериксен го импресионирал Конте – конечно ќе биде стартер

Ериксен го импресионирал Конте – конечно ќе биде стартер

Кристиан Ериксен пристигна во јанаури во Интер како големо засилување, но до прекинот на првенството не добиша шанса во стартниот тим.

Италијанските медиуми откриваат дека Ериксен сега го импресионирал Антонио Конте за време на тренинзите и тренерот конечно е спремен да го стави во стартниот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се очекува данскиот плејмејкер да биде меѓу стартните 11 на првиот меч после рестартот, на 13-ти јуни против Наполи во полуфиналето од Купот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ериксе е во исклучителна физичка форма и Конте го ставил меѓу стартерите во тактичките тренинзи. Поради тоа можно е во продолжение на сезоната „нероаѕурите“ да ја променат формацијата во 3-4-1-2, така што Данецот да игра позади напаѓачкиот тандем Лукаку – Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…