
Англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Арсенал, Унаи Емери дал зелено светло за трансферот на белгискиот репрезентативец Јаник Караско.
Караско, кој моментално игра во Кина, сака да се врати во Европа, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат уште Милан и Манчестер Јунајтед.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Караско играше одлично во Атлетико Мадрид пред да изненади многумина со својата одлука да се пресели во кинескиот Далијан Јафинг.
Милан беше во пол-позиција за неговиот потпис, но во моментов Арсенал е во предност, бидејќи играчот преферира преселба во Премиер лигата.
Арсенал сака да го донесе Белгиецот на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.