Дома Фудбал Лига на шампиони Емери го сака истиот судија и во реваншот: Со ист критериум за домаќините!

Емери го сака истиот судија и во реваншот: Со ист критериум за домаќините!

emeri

Неколку дена после дербито помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ на „Сантиаго Беранбеу“ прашината се уште не спласнува.

Тренерот на „светците“ Унаи Емери смета дека судијата немал подеднаков критериум во тој натпревар, но и покрај поразот тој верува дека неговиот тим ќе се избори за четвртфинале.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го сакам истиот судија за повратниот меч, но да го има и истиот критериум за домаќините. Вчера го гледав натпреварот меѓу Лион и Вилјареал, судењето беше максимално рамноправно. Би сакал повеќе вакви судии и за нас. Ќе ви дадам уште еден пример. Пред пеналот врз Крос, имаше чист офсајд во акцијата“, изјави Емери.

„Сигурен сум дека ќе минеме во наредната фаза, останува уште еден натпревар. Ја преземам целата одговорност и не размислувам за иднината. Мојата енергија е концентирана на она што следи, останатото не ми е важно“, додаде тренерот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…