Ако им веруваме на турските медиуми Елиф Елмас во овој преоден рок би можел да се врати во турскиот фудбал и тоа во редовит на Галатасарај.
Од утрово турските медиуми на големо пишуваат дека менаџерот го понудил Елмас на позајмица на Галатасарај. Елмас има понуда да го продолжи договорот со Наполи до 2025 година, меѓутоа наводно добил дозвола да пронајде средина каде што би бил позајмен и би имал статус на првотимец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Потенцијалниот трансфер во Галата според информациите ќе зависи од условите кои може да ги понуди турскиот гигант, односно колкав процент од платата на Елмас би превземал на себе. Освен тоа не е познато дали Елмас би прифатил да игра за Галатасарај со оглед на тоа дека претходно го носеше дресот Фенербахче.
Во текстот се наведува дека опција за позајмица бил и тимот на Трабзонспор.