Дома Луд Спорт Елитен судија од ФИФА уапсен на оргии со српски старлети

Елитен судија од ФИФА уапсен на оргии со српски старлети

Познатиот судија на УЕФА од Словенија, Славко Винчиќ беше уапсен во полициска акција во Босна и Херцеговина.

Винчиќ, кој се наоѓа во елитната група на судии на ФИФА, судеше натпревари и во Лигата на шампиони, а тој е приведен во акцијата во која биле пронајдени дрога и оружје.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вкупно биле приведени 35 лица во луксузна вила во Бјелина, каде пронајдени биле оружје и дрога. Приведените се сомничат и за проституција бидејќи биле во друштво на српски старлети кои важат за елитни проститутки.

„По полициската рација, повикани бевме на информативен разговор, каде што објаснив дека не ги познавам луѓето, по што ме пуштија дома. Бев таму работно, а потоа еден пријател ме покани во вилата“, изјави Винчиќ.

Винчиќ во минатото му беше помошник на Дамир Скомина, а од сезонава е главен судија во УЕФА и судеше на три меча во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Дани Алвеш може да биде ослободен за неколку дена

Поранешниот фудбалер Дани Алвеш, неодамна беше неправосилно осуден на четири и пол години …