Дома Фудбал Останато Една година по големата трагедија која го потресе фудбалскиот свет, Чапекоенсе слави голем успех

Една година по големата трагедија која го потресе фудбалскиот свет, Чапекоенсе слави голем успех

Измина речиси една година од големата трагедија која го погоди фудбалскиот свет и бразилски Чапекоенсе.

Во ноември изминатата година во Колумбија се сруши авионот во кој беа играчите на бразилски Чапекоенсе кои патуваа на финалниот меч од Копа Судамерикано. Во големата трагедија загинаа 71 лице, а само тројца играчи на овој бразилски тим успеаа да преживеат. Така во моментот Чапекоенсе остана без цела екипа и многумина сметаа дека тоа значи крај за овој клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, и покрај големата трагедија која ги погоди, Чапеконесе успеа како Феникс да излезе од пепелта и да ги преброди сите проблеми. Многумина сметаа дека овој клуб уште во првата сезона ќе се распадне и ќе испадне од најсилниот ранг на бразилскиот фудбал, но Чапе покажа дека за нив не постои зборот невозможно.

Сопствениците на клубот за кратко време откупија нов клуб кој имаше само двајца членови од старата екипа. Но, и покрај сите проблеми успеаа да се вратат за кратко време и да им докажат на сите дека имаат уште многу да понудат. Откако по речиси цела година од трагедијата, на лицата на играчите и навивачите на овој клуб повторно се врати насмевката.

Имено, бразилската лига се завршува за неколку кола, а Чапекоенсе успеа да осигура опстанок во друштво на најдобрите. Овој тим ја совлада Виторија со 2:1 и така и теоретски си го осигура опстанокот. Приказна која на крајот сепак доби среќен крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…