Тренерите на водечките европски клубови доставиле предлог до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да го преиспита правилото за „гол на гостински терен“.
Вчера се одржала традиционалната средба на тренерите на водечките европски клубови со раководителите на европскиот фудбал и на неа биле дискутирани прашања кои се однесуваат на развојот на фудбалската игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Правилото „гол во гости“ игра клучна улога и носи предност во елиминациската фаза на европските турнири.
„Тренерите исто така сакаат преодниот рок да завршува насекаде во исто време. Околу голот во гости, тие велат дека постигнувањето голови на гостински терен не е толку тешко како во минатото“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.
Ова правило важи уште од далечната 1965 година, па доколку се укине елиминациите ќе добијат комплетно друг изглед.