Дома Фудбал Останато „Европа е понижена! Од вчера Копа Америка е поважна од Европското првенство и Лигата на шампиони!“

„Европа е понижена! Од вчера Копа Америка е поважна од Европското првенство и Лигата на шампиони!“

Освоената „Златна топка“ на Лионел Меси донесе многу реакции од повеќе страни, а сигурно дека истите нема да запрат уште долго.

Шпанска „Марка“ објави текст на својот уредник Раул Валера кој посочува дека тоа што Меси ја доби „Златна топка“ е понижување за европскиот фудбал.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Знаете ли што е заедничко за Адријано, Робињо, Луис Суарез, Алексис Санчез и Дани Алвес? Сите ја освои Копа Америка, беа прогласени за најдобри на турнирот и ниту еден од нив не ја доби „Златната топка““, посочува Валера па продолжува:

„Со тоа што Меси ја доби „Златната топка“ Европа е понижена. Од вчера знаеме дека Копа Америка има поголема важност од Европското првенство и Лигата на шампионите. Јужноамериканците имаат пет селекции во топ 20 и очигледно Колумбија, Еквадор, Перу, Парагвај, Бразил се сметаат за повисоко ниво од Ливерпул, Баерн, Атлетико, Белгија, Англија или Шпанија…“.

„Трофеите на Жоржињо се помалку важни, Меси постигна помалку голови од Левандовски, немаше влијание на играта како еден Бензема во Реал? Што да очекуваме следно? Најдобриот на Африканскиот куп на Нации да ја добие „Златната топка““. Всушност, не има проблем – Меси не може да игра таму“, коментира уредникот на „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…